Мелони: Родовата идеологија ќе им наштети на жените

– Родовата идеологија ќе им наштети на жените, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Во интервју за најновиот број на женското списание „Грација“, Мелони вели дека човек денес може сам да се програси за маж или жена, без да бара друг начин за одредување пол, било тоа да е хируршки, фармаколошки, па дури и административно. 

„Машкоста и женственоста се вкоренети во телото и тоа е неоспорен факт. Дали е ова штетно за жените? Верувам дека е така: денес, за да се биде жена, се верува дека е доволно да се декларираш како жена, рече Мелони, додавајќи дека во исто време се прават обиди да се избришат разликите.

Првата жена премиер на Италија истакна дека „жените се првите жртви на родовата идеологија“ и дека „така мислат и многу феминистки“.