Мендилибар нов тренер на Севиља

– Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља експресно најде замена за Хорхе Сампаоли на тренерското место во Хозе Луис Мендилибар, објави вечерва весникот „Марка“.

Мендилибар ќе има задача да ѝ обезбеди опстанок на Севиља сезонава во Ла Лига и што подобро да ја подготви екипата за четвртфиналниот дуел против Манчестер јунајтед во Лига Европа.

Весникот наведува дека Мендилибар треба да потпише договор до крајот на сезоната.

Мендилибар ќе биде трет тренер кој сезонава ќе седне на клупата на Севиља.