Месноста Порупи во село Драчево доби нова водоводна мрежа

– Oпштина Кисела Вода ја заврши изградбата на водоводната линија долга 1.480 метри на улицата „Илија Ристевски“ во месноста Порупи во селото Драчево. 

– Се работи за капитална инвестиција што на 800 жители, кои години наназад се бореа со проблемите со застарената мрежа, сега им обезбедува квалитетни и современи услови за живеење, се наведува во денешното соопштение од Општина Кисела Вода.

Оттаму посочуваат дека водоводната мрежа е градена пред 60-тина години кога во ова место живееле околу 40 жители, а сега има 150 семејства.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски изрази благодарност до ЈП „Водовод и канализација“, претпријатие со кое во партнерство е реализиран овој проект.

– Тие го обезбедија потребниот материјал, додека ние, како Општина Кисела Вода, се погриживме во делот на човечките ресурси, односно учествувавме во изведбата со работна рака за ископот и за поврзувањето на домаќинствата кон мрежата, изјавил Ѓорѓиевски.