МЕТЕОРИТ ПАДНА НА КУЌА: Го пробил покривот и завршил на подот во спалната соба!

Метален предмет, за кој се верува дека е метеорит, удрил во семејната куќа преку покривот.

Инцидентот е снимен во дом во Хоупвел Тауншип, Њу Џерси.

Иако во моментот имало луѓе во куќата, за среќа нема повредени, соопшти локалната полиција.

Објектот е метал, димензии 10х15 см. Тој го пробил покривот од куќата и таванот, па паднал на подот од спалната соба, оштетувајќи го паркетот.

Полицијата за инцидентот известила и други служби за безбедно да биде отстранет предметот од непознато потекло од куќата.

Жена во чиј дом паднал метеоритот изјавила дека каменот бил прилично жежок кога се обидела да го допре.

Се претпоставува дека овој метеорит всушност бил дел од метеорскиот дожд Eta Aquarids.

Понатамошната истрага е во тек.