Меџити: Синдикатите се наш партнер

 Министерот за здравство Фатмир Меџити попладнево ја одржа првата средба со претставници на синдикалните организации од областа на здравството.

Како што соопшти Министерството за здравство, на средбата станало збор за актуелните прашања за регулирање на статусот на здравствените работници, по што дијалогот ќе продолжел со сите надлежни институции, како што се Фондот за здравствено осигурување, Министерство за финасии и Министерството за труд и социјална политика, во координација со Владата. 

– Синдикатите се наш партнер и во оваа прилика сакам да се заблагодарам за конструктивната соработка. Намерата и интересите се заеднички. За нивните барања ќе се разгледаат сите законски и финансиски можности за што поскоро нивно решавање, посочил министерот на средбата со синдикатите.