„Ме понижуваа, уценувааа и ме малтретираа” Милица Тодоровиќ била уценувана од нејзините поранешни момчиња: Откри низ каков пекол поминала

Пејачката Милица Тодоровиќ за првпат проговори за манипулација во емотивните врски. Милица не зборува често за љубовните проблеми, но овојпат си ја отвори душата и призна низ што поминувала кога се во прашање романсите со поранешните момчиња.

– Имав и манипулатори во врските! Ме понижуваа, уценуваа, ми рекоа дека без нив не вредам ништо, ми го убија егото и самодовербата! Тие правеа сè за да се чувствувам несигурно и ги избегнуваа моите обиди за раскинување, само емотивно ме манипулираа. Но, јас тоа го разбрав и научив, а сега веќе не може така – вели Милица, но не сакаше да прецизира на кое поранешно момче мислеше.

– Ненад е мојата прва љубов, тој е прекрасен човек, сега е оженет и има деца. Понекогаш работиме заедно, имаме одличен однос. Што се однесува до Раде, тој беше омилен меѓу моите пријатели, а мајка ми го обожаваше, а јас тврдам и дека е многу добро момче – изјави Милица и стави крај на приказните за бившите.