МЖСПП: Обезбедени средства за санација и унапредување на колекторскиот систем Охрид – Струга

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и в.д. директорот на Јавното претпријатие „Колекторски Систем“ – Скопје, Владимир Алексијоски денеска потпишаа договор за доделување на средства за санација и унапредување на ефикасноста на колекторскиот систем Охрид – Струга.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) информираат дека за санацијата на колекторскиот систем, од буџетот на Министерството за 2023 година се обезбедени средства во вкупна вредност од 40,4 милиони денари, согласно Програмата за колектроски систем Охрид и Струга за 2023 година.

– Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за животна средина и просторно планирање во континуитет ја поддржува санацијата на овој колекторски систем, заради ревитализација на целиот систем и заштита на водите на Охридското Езеро, се наведува во соопштението на МЖСПП.