МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СЕ ТРОШАТ КАКО ОД ШЕГА! Проектот на диктаторот на супербогатата држава ШОКИРАШЕ, никнува НОВ град – Сакам ова да влезе во Гинис

Новиот град, кој се наоѓа на 30 километри од главниот град Ашгабат, ќе го носи неговото име – Аркадаг (заштитник на хероите).

Туркменистан ќе потроши речиси пет милијарди долари ( околу 4,5 милијарди евра ) за изградба на град именуван по моќниот човек Гурбангули Бердимухамедов, изјавија официјални лица во средата. Изолираната централноазиска земја која се граничи со Каспиското Море е управувана од семејството Бердимухамедов повеќе од 16 години.

Гурбангули Бердимухамедов, поранешен стоматолог кој стана автократ, официјално поднесе оставка како претседател на поранешната советска република минатата година, заменет со неговиот син Сердар Бердимухамедов. Но, 65-годишникот, познат по својот култ на личност, ја носи титулата „Аркадаг“ (херој заштитник) и продолжува да доминира во земјата.

Новиот град, кој се наоѓа на 30 километри од главниот град Ашгабат, ќе го носи неговото име – Аркадаг . Бердимухамедов им наредил на службениците некако да го внесат во „Гинисовата книга на рекорди“. „Првата фаза од изградбата на градот Аркадаг чини 3,3 милијарди долари “, рече Дерјагелди Оразов, функционер на чело на државниот комитет задолжен за неговата изградба. 

„Втората фаза ќе чини околу 1,5 милијарди долари“, според нашите проценки. Оразов рече дека точната цена ќе се знае по тендерот , но дека таа веќе значително ја надминува бројката од 1,5 милијарди долари објавена во февруари 2020 година. Според Светската банка, БДП на Туркменистан е околу 45 милијарди долари, а голем дел од неговото богатство доаѓа од огромните резерви на гас.

Групите за човекови права го обвинија Туркменистан дека троши пари од својот профит од гасот на раскошни проекти кои не му користат на населението. Аркадаг, кој се наоѓа во зоната на земјотреси, на крајот ќе има околу 73.000 жители. Туркменистан е една од најрепресивните, најтајните земји во светот и малку се знае за тоа како режимот донесува секојдневни одлуки.