Милорад Улемек Легија по седум години излезе од затвор и сведочеше на суд – Сите ги изненади со својот изглед и тајна порака (ФОТО)

Малку заборавениот лик од српското подземје, своевремено еден од најпознатите, Милорад Улемек Легија, за првпат по седум години излезе од затвор.

Тој дојде во Апелациониот суд во Белград да сведочи за убиството на новинарот и уредник Славко Ќурувија .

Осудениот убиец, соработник на Земунскиот клан и поранешен командант на ЈСО ослабе во споредба со фотографиите од претходниот период.

Легија на судењето дојде во сивкасто сина облека, а во судницатаго доведоа девет полицајци. Полицијата цело време беше во судницата. Кога Улемек влезе во судницата, погледна во публиката и го крена прстот кон небото. Се претпоставува дека Легија така испратил порака или поздрави некого. Истото го повтори и кога излегуваше од судницата.

После тоа, судијата му поставуваше прашања на Улемек, а тој речиси на сите одговори. Тој рече дека нема што да одземе или додаде и дека останува на сведочењето што го дал во 2016 година. Потоа одговараше на прашањата на адвокатот на Мирослав Курак.

Едно од прашањата беше дали Курак пукал во Ќурувија. Легијата одговори тивко „не“. Адвокатот го натера да го повтори одговорот наведувајќи дека не го слушнал. Улемек потоа извикал „не“.

Милош Симовиќ рече дека нема да одговара на прашањата и дека не се држи до сведочењето бидејќи не се сеќава. Тој изјави и дека не ги познава обвинетите и на крајот им го честиташе денот на жената. Александар Симовиќ рече дека не сака да одговара на прашања и дека нема да учествува на тоа, а кога судијата го праша зошто, тој одговори дека тоа е негов личен став, пишува Монд.

Појавувањето на Милорад Улемек Легија пред судот е неславно потсетување на злобниот, криминален режим на Слободан Милошевиќ, кој стоеше зад убиството на новинарот Ќурувија и политичарот Иван Стамболиќ и многу други злосторства надвор од војните што тој ги предизвика, а кои и по 25 години, чекаат судски епилог.

Мафијашките опашки на тој режим, како Легија и други, учествуваа во убиството на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.