МЛАДА МАЈКА – Девојка искрено проговори за својот живот со нејзиниот сопруг милионер: “Наполнив 23 години, имам 11 деца и немам намера да престанам!“

Замислете дека не едно, туку 11 бебиња го бараат вашето внимание и грижа во исто време. Токму тоа и се случува во животот на 23-годишната Кристина Озтурк, а таа тврди дека никогаш не била посреќна поради тоа. Всушност, таа е толку вљубена во своите деца што планира уште поголемо проширување на своето семејство.

Кога имала 17 години, го добила своето прво дете, ќерката Викторија. Тогаш таа била самохрана мајка, но нејзиниот живот се променил кога го запознала сегашниот сопруг на одмор. Како што изјавила за магазинот Bright Side, тој се заљубил во неа на прв поглед и ја прашал дали сака да се омажи за него и да му роди многу деца.

Таа очигледно се согласила. Повеќето од децата на Кристина се родени во исто време и се на иста возраст. Бидејќи не е можно да роди толку многу одеднаш, Кристина и нејзиниот сопруг побарале помош од сурогат мајка и набрзо нивното семејство се проширило. Парот не планира да престане, сака да има уште деца, но не ја испланирале точната бројка.

Младата мајка е полна со пофални зборови за својот 56-годишен сопруг и милионер и тврди дека тој е „супер татко“. Дадилките и личните асистенти и помагаат да ги воспитува децата, а таа и нејзиниот сопруг ги делат своите обврски. Тој се грижи за работата, а таа за децата. Тие често одат на прошетки, играат игри и гледаат филмови заедно со своите деца. Викендите се резервирани за квалитетно семејно време, а тие секогаш се трудат да јадат сите заедно.