Мобилниот телефон за игри Legion оди во историјата

Одамна не сме виделе нов смартфон Lenovo Legion, а сега компанијата потврди дека линијата нема да продолжи.

Последниот уред од линијата Legion беше претставен во август минатата година, тоа беше Legion Y70, кој очигледно е последен кога станува збор за бизнисот на Lenovo со мобилни телефони наменети за гејмерите.

Потврдено од портпаролот

Портпаролот на компанијата го потврди крајот на производството на телефоните Legion и ги откри идните планови.

– Lenovo нема да произведува Legion гејминг мобилни телефони со Android и ова е дел од пошироката деловна трансформација и консолидација на гејминг портфолиото. Како лидер на пазарот во гејмерските уреди и решенија, Леново е компанија посветена на унапредување на категоријата игри и се фокусира на начините на кои може да донесе најголема вредност за глобалната гејмерска заедница – рече тој.

Одличен дизајн

Со заминувањето на уредите Legion, индустријата за гејмерски паметни телефони е сведена на моделите Asus ROG Phone, серијата Nubia Red Magic и мобилните телефони Black Shark на Xiaomi како главни „играчи“ на ова поле.

Телефоните Lenovo Legion имаа одлични дизајни, вклучувајќи странична селфи камера, двојни порти за полнење и специјални вентилатори за ладење.