Модриќ го подари потпишаниот дрес на жртвите од земјотресот во Туркије (ВИДЕО/ФОТО)

„Останете силни, ние сме со вас и се молиме за вас“, изјави играчот од средниот ред на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и хрватски репрезентативец Лука Модриќ подари потпишан дрес за жртвите од земјотресите што на почетокот на месецот ги погодија југот на Туркије и Сирија.

Модриќ до Амбасадата на Туркије во Загреб го испрати дресот со број 10, кој го носеше на првиот натпревар меѓу Хрватска и Мароко на Светското првенство во 2022 година во Катар.

Веста на социјалните мрежи ја потврди турскиот амбасадор во Хрватска Јавуз Селим Киран.

„Благодарам Мордиќ. Sвездата на Реал Мадрид и хрватската репрезентација Лука Модриќ, на нашата амбасада и испрати дрес кој го носеше против Мароко во првиот натпревар на Светското првенство во Катар“, напиша Киран.

Приходот ќе биде дониран за жртвите од разорните земјотреси. Лука Модриќ во видео порака ги упати своите молитви и поддршка за луѓето погодени од земјотресите во овие тешки моменти. „Останете силни, ние сме со вас и се молиме за вас“, рече Модриќ.

TRT Balkan