Моментот кога се случи вториот земјотрес во Турција: Дел од зградата се урна за неколку секунди (ВИДЕО)

По денешните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, кои го погодија југот на Турција и северот на Сирија и во кои досега загинаа речиси 2.000 луѓе, социјалните мрежи се преполни со видеа од разурнувањата.

Така, на една од нив може да се види моментот кога огромен дел од фасадата на станбена зграда се откинал и паднал на улица.

Се се случило за само неколку моменти, а според она што може да се види на видеото, во тој момент немало никој на улица.