МОМЧЕ САМ СИ ИЗГРАДИЛ КУЌА ЗА 1.400 ЕВРА: „Штедев две години, а сега уживам во домот од соништата“(ВИДЕО)

Корисник на социјалната мрежа TikTok си изградил куќа за која вели дека чинела неверојатни 1.400 евра.

Како би било кога би можеле да изградите куќа за чија изградба ќе ви требаат 1.400 евра? Мислите дека не е изводливо? Тогаш сигурно ќе се изненадите од приказната дека еден дечко успеал да го направи тоа.

„Креветот е всушност двоен душек што го исеков за да се вклопи совршено на дрвена платформа што ја направивме јас и мојот дедо. Има многу простор под креветот за секакви работи“, почнал да го опишува својот нов дом еден дечко по име Брукс и продолжи:

„Работев како шетач на кучиња две години, што ми помогна да заштедам доволно пари за да си изградам мал дом од соништата на тркала со кој ќе можам да патувам низ цела Америка“, рече тој, а неговото видео набрзо стана вирално.

Открил дека неговиот мал дом нема туш или тоалет, но тоа не му претставувало проблем.

„Среќен сум и го сакам мојот животен простор. Потрошив 1.600 долари (малку повеќе од 1.400 евра) на него“, рекол тој, а потоа во видеото покажал уште неколку детали.

„Имам мијалник што сè уште не е готов, и еве го мојот прозорец, иако посакувам да имам повеќе“, забележа тој.

Видеото на Брукс воодушеви многумина, особено оние кои немаат многу пари и би сакале да имаат покрив над главата. Меѓутоа, како и во секоја приказна, имаше и поединци на кои им беше депресивен домот.

„Не сакам да бидам груб, но ова е неверојатно депресивно за мене“, „Нема туш или тоалет, доста е“, „Мислам дека е навистина слатко и убаво“, „Одлична идеја, ми се допаѓа“, „Малку попространа куќа за кучето“, само дел од коментарите под неговото видео.