МОРНИЧАВА НЕСРЕЌА – Експлозија во кафе бар во Санкт Петербург усмрти познат руски блогер – повредени се 16 лица а интервенирале 13 екипи на итната помош (фото/видео)

Едно лице го загуби животот денеска а 16 се повредени во експлозија во кафуле во Санкт Петербург, Русија.

Според прелиминарните информации повредени се 16 лица“, соопшти итната медицинска помош од овој руски град.

На местото на настанот излегле 13 екипи на итната помош.

Според се уште неофицијални информации на социјалните мрежи, во оваа несреќа починал и познатиот руски блогер Владлен Татарски.