НАВИВАЧИТЕ ГО ИСМЕЈУВАА РОНАЛДО ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР – Погледнете ја неговата бесна реакција по поразот! (видео)

Во дербито на 20. коло на саудиското фудбалско првенство, Ал Итихад го победи Ал Наср во чии редови настапува и мега-ѕвездата Кристијано Роналдо со резлутат од 1:0.

Решавачкиот гол го постигна Бразилецот Ромарињо во 80. минута од натпреварот, а со оваа победа Ал Итихад го прескокна Ал Наср и поведе во поредокот на табелата.

Во последните моменти од натпреварот Роналдо имаше одлична шанса да израмни, но неговиот удар го одбрани бразилскиот голман Марсело Грое.

По поразот, бесниот Роналдо влета во тунелот, удирајќи во шише со вода што му беше на патот. Португалецот постигна осум гола на седум првенствени натпревари, но не постигна гол на последните два натпревари.

Навивачите на Ал Итихад го исмејуваа Роналдо во текот на целиот натпревар, постојано скандирајќи го името на неговиот ривал, Лионел Меси.

Разочарани сме од резултатот, но остануваме фокусирани на нашата сезона и натпреварите пред нас. Им благодарам на навивачите на Ал Наср за поддршката, знаеме дека можеме да сметаме на вас“, напиша Португалецот на социјалната мрежа Твитер по натпреварот.

На табелата сега води Ал Итихад со 47 бодови, додека Ал Наср е втор со бод помалку.