Навраќање на „Сулејман Величенствениот“: Улогата на турските серии

Турската филмската индустрија индиректно влијаеше и на надворешната политика, некои наслови влијаеја на јавното мислење и културната дипломатија кои се придружни елементи на меѓународните односи.

Турските историски серии како жанр се пробија меѓу главните играчи на меѓународниот пазар во забавната индустрија, а Балканот се покажа дека е еден од главните таргети на публиката поради заедничкото споделено минато со Османлиската империја низ вековите.

„Величенствениот век“, серијал на турска историска фикција се занимава со животот на Сулејман Величенствениот, султанот што најдолго владеел со Османлиската империја, како и сериите наменeти за Ертугрул Бег таткото на Осман Први основачот на империјата, потоа за Големиот Сулџук, Абдул Хамид, и други историски личности или настани.

Овие драми даваат увид во различни периоди од турската историја, од формирањето на Османлиската империја до формирањето на Република Туркиjе. Се смета дека тие се одлични начини да се научи нешто за настаните и личностите кои ја обликувале историјата.

Првата „величенствена“ серија ја претстави турската историја пред светот кога за првпат се емитуваше во 2011 година, освојувајќи две-третини од домашната ТВ публика и брз се претвори во телевизиски хит низ светот.

Тимур Савџи, кој ја предводи продукцијата и ја осмисли серијата „Величествениот век“ која го предводи интересот за турската историја, вели за ТРТ Балкан:

„Величествениот век е еден од најдобрите примери во однос на влијанието на турските историски серии. Влијанието што го создаде и дома и во странство беше опишано како „Османлиманија“ (интензивен интерес за османлискиот период) од списанијата, историјата и медиумските експерти од тој период“, вели Тимур Савџи. Тој ја води продукцијата TIMS&B, која ја креираше серијата.

Историски серии за подобри меѓународни односи

Турската филмската индустрија индиректно влијаеше и на надворешната политика, некои наслови влијаеја на јавното мислење и културната дипломатија кои се придружни елементи на меѓународните односи.

„ТВ сериите дефинитивно имаат голем придонес во турската надворешна политика и меѓународните односи. Преку сериите може да се гради перцепција“, вели Савџи.

Турските серии се многу популарни на Блискиот Исток, Балканот, Европа, Јужна Америка и итн. покажувајќи ја турската култура и промовирајќи позитивна слика за земјата во странство.

„Сериите се извоз на културата која придонесува во создавање на меко влијание. Освен со економските придобивки за нашата држава придонесуваат на многу нивоа“, дополнува Савџи.

Позитивен импакт на економијата и културата

„Сулејман Величенствениот“ имаше значајно влијание врз популарната култура и придонесе во оживување на интересот за османлиската историја и култура. Доведе до зголемен туризам на знаменитостите од таа ера затоа што гледачите ги преплавија локациите кои се прикажани во серијата.

„Серијата беше врв на интересот за се што е поврзано со Османлиите. Настрана од придонесот за туризмот, костумите, накитот и декорациите во серијалот исто така станаа феномен. Производи инспирирани од оваа ера се произведуваа и во други држави. А, на новороденчињата им се даваа имиња според имињата на актерите“, потенцира Савџи.

Сериите ги соочуваат и помируваат луѓето со историјата

Покрај сиот успех, некогаш историските филмови кои прикажуваат сензитивни теми поврзани со турската историја и идентитет може да се соочат со контроверзии како дома така и во странство.

„Иако некои ултра-конзервативни групи во Србија и Грција кои им е непријатна Османлиската империја протестираа за отстранување на серии, интересот на јавноста беше толку голем што сериите не беа забранети, туку и дозволата за емитување неколку пати им беше обновена“, вели Савџи.

„Иако историјата се смета дека е сензитивна и контроверзна, всушност обезбедува лесно разбирлива и објаснета содржина, бидејќи историјата е заедничко минато или споделен концепт со многу земји. Ако создадете содржина на универзален јазик добивате евергрин кој никогаш нема да здосади и постојано ќе биде баран,“, додава Савџи.

Балканот како главен центар за турските историски серии

Регионот на Балканот стана главен центар за турските ТВ драми во последниве години. Ова се должи на неколку фактори, вклучувајќи ја зголемената популарност на турската култура во регионот, споделената историја со Османлиската империја од над 500 години, високата продукциска вредност и волшебните приказни на турските драми и достапноста на турската содржина преку меѓународните канали за дистрибуција.

„Првата експлозија на турски ТВ серии на светската сцена беше со интересот на Блискиот Исток и на Балканот. Нашата споделена историја, култура и традиции споделени под Османлиската империја со векови помогнаа нашите ТВ серии и филмови да бидат прифатени во балканските земји“, вели Савџи.

„Оваа историска блискост создава заедничко чувство додека се гледа серијата. Затоа Величествениот век сè уште се гледа и е сакана на Балканот“. додава тој.

Како резултат на тоа, турските драми станаа главен производ на телевизиските екрани во балканските земји.

„Бидејќи тоа е деловна тајна, не можам да откријам многу, но продажбата на првата серија на шоуто го докажува овој интерес. Кога ќе ја погледнеме продажбата на првиот серијал на Балканот тоа беше околу 40% од нашите вкупни приходи во тоа време“, заклучува Савџи.

TRT Balkan