Над 10.000 демонстранти во Берлин против вооружувањето на Украина

Демонстрации против снабдувањето на Украина со оружје за војна со Русија се одржаа  денеска во Берин со над 10.000 луѓе, што наиде на критики од највисоките претставници на германската влада и големото полициско присуство.

Организиран од истакната левичарка германска политичарка, протестот доаѓа еден ден по една година од руската инвазија врз Украина.

„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!…Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе – и не приближува до трета светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.

Германија, заедно со САД, е еден од најголемите доставувачи на оружје за Украина.

Портпаролот на полицијата рече дека 10.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршка порта во центарот на Берлин.

Полицијата мобилизираше 1.400 службеници за да го зачува мирот и да спроведе забрани за воени униформи, руски и советски знамиња, руски воени песни и десничарски симболи.

Портпаролот на полицијата рече дека нема знаци на присуство на десничарски групи и дека протестот  бил мирен.