НАМИРНИЦА КОЈА ЈА ЈАДЕМЕ СЕКОЈ ДЕН СЕ СМЕТА ЗА „УБИЕЦ НА ИМУНИТЕТОТ“: Експертите советуваат дека треба да ја избегнуваме за време на сезоната на вируси

Храната која го оштетува имунитетот се нарекува убиец на имунитетот и ја консумираме секој ден.

Студеното и зимското време е проследено со сезона на досадни вируси и настинки кои многу ни го отежнуваат функционирањето. Познато е дека слабиот имунитет е една од клучните причини за добивање на вирус, додека изборот на храна влијае каков имунитет ќе имаме.

Храната која повеќето од нас ја консумираат секојдневно има големо влијание на имунитетот, без воопшто да го сфатиме тоа. Нутриционистите сè почесто предупредуваат за штетното влијание на шеќерот врз нашиот организам и дека треба да го намалиме на минимум.

Истражувањата покажаа дека сто грама шеќер ја намалува способноста на белите крвни зрнца да ги убиваат бактериите и до пет часа по консумирањето. Затоа се препорачува максимално да се избегнуваат слатките, особено во сезоната на вируси и грип.

Исто така, лекарите не потсетуваат дека од клучно значење за силен имунитет е да се консумира доволно количество течност. Старото добро правило, два литра вода дневно, треба да се користи и во зимските месеци. Не чекајте да почувствувате жед, бидејќи постојат мислења дека дотогаш телото е веќе дехидрирано, но треба почесто да пиете вода и да пиете неколку голтки, па да одморите и потоа да го повторите, дури и кога не да се чувствувате жедни.