НАПАД СО БОМБА !? Погледнете го нападот врз премиерот на Јапонија: “Се слушна експлозија, по што следеше препукување и паника…“ (фото/видео)

Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида е пренесен на безбедно и не е повреден откако едно лице фрлило предмет со налик на димна бомба за време на неговиот говор во саботата во западна Јапонија, објавија јапонските медиуми.

Се слушнала силна експлозија, но премиерот се заштитил и не бил повреден додека полицијата го совладала осомничениот маж на местото на настанот“, објави јапонската телевизија NHK.

Инцидентот се случил во рибарското пристаниште Саиказаки во префектурата Вакајама, приближно 65 километри југозападно од градот Осака.

Поранешниот премиер Шинзо Абе, најдолготрајниот јапонски модерен лидер, беше застрелан со рачно изработен пиштол минатиот јули додека водеше кампања за парламентарни избори, што ја шокираше земјата и поттикна преиспитување на безбедносните мерки за политичарите, кои редовно комуницираат со јавноста.

Фумио Кишида штотуку почнал да држи говор по обиколката на пристаништето кога се случил инцидентот, објави NHK.

Говорот бил закажан за 11:40 часот по локално време, соопшти владејачката Либерално-Демократска Партија (ЛДП) на Јапонија.

Фумио Кишида ќе продолжи со закажаните активности по инцидентот“, велат од ЛДП на социјалната мрежа Твитер.

Видео-снимките објавени од NHK покажуваат толпа на луѓе кои бегаат додека неколку полицајци соборуваат еден човек, а потоа го отстрануваат од местото на настанот.

Човекот се чини дека имал околу 20 до 30 години, објавија тамошните медиуми.

Претставник од полициската станица Вакајама изјави за медиумската агенција Reuters дека не може да одговори на прашањата за инцидентот.

Сведок на настанот изјави за NHK дека видел предмет како прелетува над главите на луѓето.

Тоа ме натера да се чувствувам лошо, па избегавме неверојатно брзо. Потоа слушнавме многу гласна бучава. Тоа ја расплака мојата ќерка“, рекла таа.

Премиерот на Јапонија ќе биде домаќин на самитот на Г-7 следниот месец.

Министрите за надворешни работи на земјите-членки ќе се сретнат во недела во одморалиштето Каруизави во оваа земја.