Наполи е подготвен да ја удвои платата на Кварацхелија според новиот договор

Италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“ пишува дека Наполи е подготвен да му понуди подобри услови на својот играч од средниот ред Квичa Кварацхелија.

Раководството на калчолигашот е подготвено да ја удвои неговата плата – од 1,2 милиони евра на 2,5 милиони – со продолжување на договорот до 2028 година.

Актуелниот договор на 21-годишниот грузиски крилен напаѓач со наполитанскиот клуб е до 2027 година.

Кварацхелдија има оусм гола и девет асистенции на 17 натпревари. Тој е најдобар асистентво Серија А сезонава, а според системот гол + додавање е втор по соиграчот Виктор Осимен кој има 19.