Наполи ја совлада Специја, Елмас одигра половина час

Фудбалерите на Наполи ја продолжија победничката низа во Серија А откако попладнево триумфираа на гостински терен над Специја со 3-0 (0-0), во натпревар во кој македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра од клупата за резерви и ги одигра завршните 30 минути.

Лидерот во Серија А поведе на гостувањето во Ла Специја преку Грузиецот Квича Кварачхелија во 47 минута, по што ја завери победата со два гола на Виктор Осимен (68, 73).

Елмас влезе во игра во 62 минута на местото на Полјакот Пјотр Зелински.

Интер води на табелата во италијанското првенство со 56 бодови, 16 повеќе пред Интер и Рома на второто и третото место, а во следното, 22 коло, на домашен терен го пречекува последнопласираниот Кремонезе.