,,Настапот на Ријана на Super Bowl беше сатанистички ритуал”: Бизарни тврдења на водителот кои ќе ве загрижат! Ја нападна бремената пеачка

Настапот на Ријана на Super Bowl предизвика многу бизарна реакција кај Грант Стинчфилд од телевизијата „Real America”s Voice “. Станува збор за десничарски коментатор и водител, и тоа на екстремната американска десница, кој тврди дека настапот на Ријана бил сатанистички ритуал.

Стинчфилд, исто така, истакна дека танчерите биле облечени како кинески шпионски балони и дека „родителите ќе имаат огромни проблеми да им го објаснат овој настап на своите деца“. Сепак, брзо се предомисли и танчерите ги прекрстил во ангели.

„Таа е облечена во црвено и паѓа од небо, а опкружена е со луѓе кои се облечени како ангели

Тој зборуваше и за тоа како родителите нема да можат лесно да им објаснат на децата зошто пејачката се фаќа за меѓуножјето и нејзиното шоу го прогласи за одвратно.

Инаку, ова не е првпат десничарски или религиозни луѓе да ја поврзуваат Ријана со сатаната. Неодамна извесен свештеник Џералд Џонсон изјави дека бил во пеколот и дека таму свират песни на Ријана.

„Слушнав како ги изведуваат песните „Umbrella“ од Ријана и „Don’t Worry Be Happy“ од Боб Марли. Знам дека многу од текстовите и песните се инспирирани од демони. Тие ги користат тие песни како инструменти за мачење а уште полошо, демонскиот хор што ги изведува тие песни со неточен ритам за да нанесе максимална болка“, рече свештеникот кој бил во пеколот, (изјави тој) кога накратко умрел од срцев удар.