НАТО испраќа дополнителни војници во Косово

– НАТО соопшти дека испраќа дополнителни војници за Мировните сили во Косово (КФОР), каде што во последните денови се зголемија тензиите.

Според соопштението на Командата на здружените сојузнички сили на НАТО, која се наоѓа во Неапол, одлуката за испраќање дополнителни војници е донесена поради последните случувања во земјата и поради повредувањето на 30 војници на КФОР во овие немири.

Во овие рамки, мобилизирани се Оперативните резервни сили кои се подготвени да бидат распоредени за 7 дена на Западниот Балкан.

Овие резервни сили, кои се со големина на полк, се наоѓаат во Италија и се мобилизираат со наредба на Командантот на здружените сили на НАТО во кризни состојби или против зголемени закани.

Покрај тоа, на баталјон мултинационални војници му беше наредено да ја намали подготвеноста за распоредување од 14 дена на 7 дена за поддршка на КФОР во случај на потреба.

Адмиралот Стјуард Манш, командант на Командата на здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол, изјави дека одлуката за испраќање дополнителни сили во Косово е донесена како мерка за осигурување на безбедноста на КФОР.

„Сите страни треба да се откажат од акти кои ќе го поткопуваат мирот во сите области во Косово“, нагласи Манш.