Научниците го открија ТОЧНИОТ БРОЈ НА ЧЕКОРИ кои треба да ги правиме секој ден за да живееме подолго

Тоа е идеална мерка за намален ризик од болести и прерана смрт, но брзината на одење можеби е исто толку важна, според ова истражување!

Во последните неколку години се верува дека десет илјади чекори дневно се неопходни за подолг живот. Сепак, најновата студија покажа различни резултати кои би можеле да ве изненадат.

Како што пренесува „The Sun“, истражувањето покажало дека одењето само 8.000 чекори дневно три пати неделно всушност може да го намали ризикот од смрт од срцеви заболувања. Таа количина на вежбање била доволна за значително да се намали ризикот кај луѓето кои учествувале во студијата, откриле јапонските научници.

Истражувачите го следеа бројот на чекори преземени од 3.330 возрасни Американци во текот на една недела за да видат како тоа влијае на нивното долгорочно здравје. Оние кои постигнале цел од 8.000 чекори дневно во три или повеќе дена имале 16 отсто помали шанси да умрат од срцеви заболувања до 2019 година.

Д-р Косуке Инуе, од Универзитетот во Кјото во Јапонија, рече: „Поединците можат да имаат значителни здравствени придобивки со одење само неколку дена во неделата“.

Истражувачите исто така откриле дека оние кои оделе 8.000 чекори или повеќе еден или два дена во неделата имале 14,9 отсто помали шанси да умрат во период од 10 години отколку оние кои никогаш не ја достигнале таа граница.

Студијата објавена во British Journal of Sports Medicine во февруари 2023 година покажа дека само 11 минути дневно умерена физичка активност, како што е лесно одење, може значително да го намали ризикот од болести како што се срцеви заболувања, мозочен удар и бројни видови на рак, и со што се продолжува животниот век на една личност.