Нацева Фуштиќ: Платите и дежурствата се исплаќаат по добиена согласност од Фондот

Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари, поврзана со исплатата на плати и дежураства, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје информира дека по добиената согласност од Фондот за здравствено осигурување, од 26 јануари, направени се пресметки за исплата на плати за овој месец, како и за декември и по истите ќе биде постапено во целост, се наведува во пишаната изјава на в.д. медицинскиот директор, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ.

– По однос на исплата на надоместоци за дежурства за осми и деветти месец лани, извршена е исплата, а за месеците 10, 11, 12, како и за први годинава, ќе биде извршена исплата по добиена согласност од ФЗОМ. ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ги поддржува приватните специјализанти во обавување на својата специјализација, но исплатата на плати и надоместоци од плати, може да се врши исклучиво согласно Законот за здравствена заштита, а по добиена согласност од ФЗОМ, се додава во изјавата.