„Нашето ново оружје ќе го промени текот на војната!” Путин: Во 2014 година немавме хиперсонично оружје, но сега имаме!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија всушност не користи хиперсонично оружје за време на воената операција во Украина, но посочи дека имаат такво оружје како и други современи системи.

Путин изјави за ТВ Русија 1, одговарајќи на прашањето: ,,Дали специјалната операција за заштита на населението во Донбас требало да биде започната веќе во 2014 година,” рече дека прашањето се однесува на подготвеноста на Русија за посериозни акции од Крим.

Рускиот претседател изјави дека станува збор за обезбедување храна, замена на увозот, зајакнување на финансискиот систем и развој на модерно оружје.

Путин посочи дека сега ништо не пропаднало во Русија, дека финансискиот систем функционира, а банките ги зголемуваат своите можности. Според него, многу е тешко да се каже што би се случило во 2014 година.

– ,,И конечно, имаме многу да направиме, на пример, за развој на копнената армија. Немавме хиперсонично оружје тогаш, а сега имаме. Да, ние всушност не го користиме, но го имаме. Има и други модерни системи, а во 2014 година немаше ништо слично” – изјави Путин.