Најголемиот турски воен брод спремен за испорака

Бродот „ТЦГ Анадолу“ ќе може да пренесува единици со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба од поддршка од матичната база.

„ТЦГ Анадолу“, кој ќе биде најголемиот турски воен брод, в понеделник ќе ѝ биде испорачан на Командата на поморските сили, јавува Анадолу.

Во Туркије денеска се одржа свечена церемонија на потпишување за изградба на уште три воени брода во рамките на фрегатата од класата ИСТИФ, што е продолжение на проектот МИЛГЕМ за поморските сили, што го спроведува Дирекцијата за одбранбени индустрии (SSB).

Претседателот на Дирекцијата за одбранбени индустрии, Исмаил Демир, на свеченоста потврди дека бродот „ТЦГ Анадолу“ ќе биде испорачан на Командата на поморските сили на церемонија в понеделник.

Демир истакна и дека имаат цел оваа година да ја завршат интеграцијата на борбениот авион „Бајрактар ТБ3“ во „ТЦГ Анадолу“.

Нагласи дека голем број компании исто така работат и на развој на воен брод, разурнувачот „ТФ-2000“.

Бродот „ТЦГ Анадолу“ ќе може да пренесува единици со големина на баталјон на одредена локација со сопствена логистичка поддршка, без потреба од поддршка од матичната база.

„ТЦГ Анадолу“ може да носи четири механизирани возила, две возила за персонал, уште две помошни возила, како и авиони, хеликоптери и беспилотни летала.

Бродот „ТЦГ Анадолу“ е долг 231 метар и широк 32 метри, а може да превезува товар од околу 27 илјади тони.

Како што е објавено, „ТЦГ Анадолу“ ќе биде многу важен за турската морнарица, особено со вооружените беспилотни летала што ќе бидат распоредени на бродот.