НАЈГОЛЕМОТ БЛАМ НА МАРШАЛОТ ТИТO КОЈ СВЕТОТ ГО ПАМЕТИ: Дотогаш никој не смееше збор да му каже, а потоа сите почнаа да му се потсмеваат (ВИДЕО)

Јосип Броз Тито ретко зборуваше на англиски, а видеото од Велика Британија сигурно ќе ве насмее!

Јосип Броз Тито беше во официјална посета на Велика Британија во 1953 година. По тој повод, тој се сретнал со премиерот Винстон Черчил, министерот за надворешни работи Ентони Идн, како и со принцот Филип, сопругот на британската кралица Елизабета Втора. Целата средба е снимена, а видеото стана вирално поради начинот на кој маршалот зборуваше англиски.

Тоа беше прв пат Тито да ја напушти Југославија по расколот со Советите. Тој пристигна на островот со својот познат брод „Галеб“. Меѓутоа, недалеку од местото каде што бил поставен бродот во пристаништето, експлодирала димна бомба. Но, маршалот не се грижел многу за оваа непријатна ситуација, влегол во автомобилот и продолжил понатаму. Тамошните медиуми пишуваа дека зад овој немил настан стојат припадници на југословенската емиграција во Британија, кои сакале на некој начин да го изразат својот протест.

Од друга страна, британските власти направија се за да го заштитат Тито, безбедносните мерки беа подигнати на највисоко ниво. Возеше низ Лондон со блиндиран автомобил, па дури и локацијата каде што престојуваше се чуваше во тајност.

Пред неколку години, британскиот филмски журнал Пате го објави најголемиот дел од својата архива на YouTube. Видеата ги прикажуваат најзначајните настани од 20 век ширум светот. Меѓу нив имаше и видео на кое Тито зборува англиски среде Лондон, а во такви прилики светската јавност ретко го гледаше.

– Сакам да им порачам на народот на Велика Британија дека жителите на мојата земја треба да се сметаат за искрени сојузници бидејќи народите на новата Југославија имаат исти цели како и народот на Велика Британија – рече југословенскиот претседател во кратката изјава дадена на бреговите на Темза.