НАЈДЕНА ТУРСКАТА АКТЕРКА? Еден ДЕТАЛ буди НЕДОВЕРБА 

На сите им е добро познато дека Турција ја погоди силен земјотрес и во таа прилика животот го загубија многу луѓе, а многу се водат за исчезнати.

Обожавателите на турската актерка Џансу Дера беа многу загрижени за неа бидејќи таа не се огласи по разорниот земјотрес што ја погоди нејзината земја.

Сепак, тие можат да бидат спокојни сега кога се појавија тврдења дека актерката е добро.

Турската новинарка Бирсен Алтунташ објави дека Џансу е жива и здрава и дека им помага на граѓаните повредени во земјотресот, но и дека нејзината куќа била во епицентарот на земјотресот.

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како познатата актерка им помага на настраданите на теренот.

Турските медиуми пишуваат дека актерката несебично им се придружила на граѓаните и хуманитарците за да им пружи помош на сите на кои им е потребна.

Да потсетиме, актерката е родена во Анкара, а нејзиниот татко е емигрант од Бугарија, а мајка и е родена во Солун. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.

Нејзината прва улога беше во турската серија Метропалас од 2004 година.

Потоа ја доби главната улога во хит серијата “Сила” која ја прослави, а позната е и по улогата во серијата “Сулејман Величествениот” и серијата “Езел”.