Најмалку десет загинати во невремето што ги зафати САД

Најмалку десет луѓе загинаа откако силните бури ги погодија Соединетите Американски Држави.

Три лица во Алабама, две во Тенеси и едно во Мисисипи загинаа како последица на откорнати дрвја кои удриле во починатиот.

Маж од Арканзас се удавил откако се обидел да го вози својот автомобил низ поплавените патишта, пренесува nypost.

Тројца други загинаа во Кентаки, во три различни окрузи, додека бурите продолжуваат да предизвикуваат хаос низ државата.

Повеќе од милион домови во Кентаки, Тенеси и Мичиген се пријавени дека се без струја.

Луизевил прогласи вонредна состојба откако Националната метеоролошка служба ја опиша бурата како „моќна и историска“. Се известува дека ветровите достигнале максимална брзина од 130 км