Најмалку осум лица загинаа при превртување на патнички автобус

Најмалку осум лица загинаа при превртување на патнички автобус што се случи рано утринава во турската провинција Афионкарахисар, јавува Анадолија.

Автобус на Стар Хас се превртел додека возел од Дијарбакир кон Бодрум, а несреќата се случила на раскрсницата Карабедир.

По добиена пријава, на местото на несреќата пристигнале бројни медицински, противпожарни и полициски екипи.

Според првичните информации осум лица загинале, а 35 се повредени на местото на несреќата.