НАЈСИЛНИОТ АНТИБИОТИК ОД ПРИРОДАТА! Зачин кој детоксицира, го штити срцето и го зајакнува имунитетот, само додадете прстофат на ручекот

Куркумата е зачин за кој често се вели дека е еликсир на здравјето! Заедно со медот обезбедува совршена комбинација за добро здравје во секоја смисла. Мешавина од куркума и мед лекува настинка, кашлица, акни, болки во грлото, а секојдневната употреба може да го продолжи животот. 

Куркумата има антивирусно, антиинфламаторно, антимикробно и антисептично дејство, додека медот е одличен за имунитет. Често се вели дека куркумата и медот се подобар лек од антибиотиците. Куркумата и медот ги уништуваат сите бактерии во телото без да ја оштетат цревната флора.

Комбинацијата на куркума и мед е ефикасна во лекувањето на многу стомачни заболувања како што се гасови, варење, чир на желудникот и вознемирен стомак.

Направете медицински напиток „златен мед“.

И куркумата и медот имаат свои јаки страни, па во комбинација го добиваме најсилниот антибиотик „златен мед“!

Рецептот е едноставен

Полна лажица куркума треба да измешате во 100 грама мед. Добро измешајте и чувајте ја смесата во стаклена тегла, земајте по малку секој ден.

Многу е важно да користите чиста куркума која не се меша со други зачини.

Забелешка: Не треба да консумирате златен мед ако земате лекови. Најдобро е да се консултирате со лекар. Исто така, куркумата не се препорачува за луѓе со заболувања на жолчни камења и луѓе со низок крвен притисок. Ако се зема во големи количини, куркумата може значително да го намали крвниот притисок, но и да ја разреди крвта.

Мешавина од куркума и мед можете да направите дома и да ја консумирате редовно за да го подобрите вашето здравје и да се заштитите од најчестите болести!

Направете одлична маска за лице

Кога станува збор за нега на кожата, куркумата и медот се идеална комбинација. Медот има антиинфламаторни својства, додека куркумата е природен антибиотик кој го намалува црвенилото.

За оваа маска, треба добро да измешате 2 лажици мед и прстофат куркума. Нанесете ја смесата на лицето и држете ја 10 минути, а потоа измијте ја со топла вода. Пожелно е после миење со топла да се мие и со ладна вода за да се затворат порите.

Оваа маска е одлична за кожата на лицето и косата, бидејќи ги храни корените на косата, одлична е за циркулација на главата, лечи првут, егзема и го спречува опаѓањето на косата.

Одличен совет

Доколку ви е тешко да направите мешавини од мед и куркума, за да го подобрите вашето здравје, доволно е да додадете прстофат куркума на секој ручек што ќе го готвите. Садот ќе добие многу убава боја, нема потреба да користите вештачки зачини, кои даваат арома, а здравјето ќе ви се подобри многу, почнувајќи од циркулацијата, работата на срцето, циркулацијата на крвта, а овој зачин поттикнува детоксикација, која ќе има позитивно влијае на косата, кожата и ноктите што е од суштинско значење во овие зимски денови.