На австриски репрезентативец му бил дијагностициран рак: „Ова силно ме погоди, опериран сум пред неколку дена“

Од минатата сезона бранеше за Сион, а играше и за Базел, Грасхоперс, Ајнтрахт и Виена Австрија.

На австрискиот фудбалски голман Хајнц Линднер (32) му е дијагностициран рак на тестисите, објави играчот во вторникот на Инстаграм.

За жал, морам да ви кажам дека оваа сезона за мене е завршена во Сион и во репрезентацијата“, напиша голманот на швајцарскиот прволигаш.

“Неодамна ми беше дијагностициран тумор на левиот тестис. Дијагнозата силно ме погоди. Пред неколку дена бев на операција и се помина многу добро”, изјавила Линднер.

Тој додаде дека прогнозите и следните чекори се позитивни.

„Со нетрпение очекувам да бидам целосно подготвен да играм следната сезона“, додаде тој.

Линднер досега беше прв голман на австриската репрезентација за која собра 36 настапи.