На електронските адреси кај 14 професори стигнала дојава за бомба во скопско средно училиште

На приватни електронски адреси на 14 професори попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа во едно скопско средно училиште, информираат за МИА од МВР.

Веднаш по добиената пријава, додаваат, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.