На почетокот на април Макрон и Фон дер Лајен во посета на Кина

 Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе го придружува на неговото патување во Кина на почетокот на април.

„Ја поканив претседателката Фон дер Лајен да ме придружува дел од патот“ за да претставува „унифицираната (европска) позиција“ кон Пекинг, рече тој на прес-конференција по европскиот самит во Брисел.

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе престојува во државна посета на Кина од 5 до 8 април, соопшти Елисејската палата.

Тој ќе ја искористи посетата „да работи“ со својот кинески колега Си Џинпинг „за враќање на мирот“ во Украина, напиша тој во изјавата. Француското претседателство забележува дека Макрон е „посветен на одржување постојан и висококвалитетен дијалог со Кина“.

Претстојната посета на почетокот на април беше најавена на крајот на февруари, но не беа наведени конкретни датуми.

Париз сака да го убеди Пекинг да го искористи своето влијание врз Москва, да го убеди да се согласи на преговори со Киев.

Емануел Макрон ќе разговара со Си и за меѓународните кризи на Блискиот Исток и Африка, тензиите во индо-пацифичкиот регион, стратешките и економските прашања, како и соработката за справување со главните светски предизвици, соопшти Елисејската палата.

Макрон претходно најави дека ќе ја посети Кина на почетокот на април и го повика Пекинг да „помогне да се изврши притисок врз Русија“ за да се стави крај на војната во Украина.

Шпанскиот премиер Педро Санчез следната недела ќе отпатува во посета на Кина.