“НА РОНАЛДО МУ Е ДОВОЛНО ОД ЏОРЏИНА!“ – Протекоа ‘сочни’ детали од жестоката расправија помеѓу фудбалерот и неговата девојка среде аеродром: “Себична е, троши само пари!“

Кристијано Роналдо и неговата девојка Џорџина Родригез имале јавна и жестока расправија на аеродромот во Лисабон, непосредно пред да се качат во авионот, што дополнително ги подгреа гласините дека нивната врска поминува низ голема криза.

Приказните за неволјите во „рајот“ се шират откако фудбалерот се пресели во Ал Наср во Саудиска Арабија. Португалските и шпанските медиуми пишуваат дека – „Кристијано е бесен на Џорџина“.

На расправијата на аеродромот посведочил неименуван маж кој потоа го контактирал шпанскиот новинар Абел Планелес и ги опишал непријатните сцени.

Тоа беше сериозна расправија со многу викање, навистина Кристијано Роналдо се нервираше“, изјавил сведокот.

Медиумите пишуваат сега дека ставовите на Џорџина му одат на нерви на Роналдо, а се чини дека инфлуенсерката со 49 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм станува многу себична и троши само пари. И пред тоа таа беше критикувана во медиумите и на социјалните мрежи за односот со пријателите, семејството, работата…

Фактот дека животот во Саудиска Арабија не е баш така ‘розов’ како што очекуваа кога славниот фудбалер потпиша за клубот таму, исто така, придонесува за напнатоста во нивната врска.

Ниту нејзината серија на стриминг-платформата Нетфликс – „I‘m Georgina“, нема голема гледаност. Критичарите тврдат дека шпанско-аргентинската манекенка и инфлуенсерка е неискрена, дека не остварила многу од работите што ги ветила, а се чини дека најголемиот дел од содржината е снимена според сценарио и со прекумерна шминка.

Лео Каерио, пријател на мајката на Кристијано РоналдоМарија Долорес дос Сантос Авеиро, која фудбалерот ја обожава, ги сподели најжестоките критики за неа со медиумите. Познато е дека таа ја обвинува Џорџина за расипување на односите со нејзиниот син и внесување раздор во семејството.

Со месеци кажувам дека не им е добро и дека ми се чини дека ќе раскинат“, изјавил пријателот за Marca и додал: „Навистина му беше доста од неа, тоа е вистинската вистина“.

Тој верува дека парот никогаш нема да се венча, а заедно се само од рекламни и деловни причини. Неодамна се пишуваше дека не сакаат да раскинат поради децата и поради тоа што имаат договор според кој во случај на раскинување Кристијано Роналдо би морал да и плати 350 милиони евра. Двојката има пет деца, од кои две (всушност три, но едно дете, за жал, почина при породување) ги родила.

сцена од серијата – „I‘m Georgina

Џорџина нема навика да коментира на социјалните мрежи за врската со Роналдо. Но, овој пат гласините добија такви размери што таа направи исклучок, а на социјалната мрежа Инстаграм објави отографија со песната „’Si yo muero“ од Ромео Сантос, во која текстот е: „Завидливите измислуваат озборувања, муабетите се шират, а будалите им веруваат“.