НА СРЕЌАТА И НЕМА КРАЈ – Мајка на две деца во неверување добила речиси милион евра на лотарија: “Работев две работи за да го прехранам семејството…“

Мајка на две деца, која работела на две работни места за да го издржува своето семејство, освоила 838.000 фунти (940.874 евра) на играта на среќа EuroMillions

За својата добивка дознала дури еден месец подоцна, а истата ја прославила со својот потесен круг, а сега ќе купи нова Форд Фиеста, стан и ќе отпатува за Јапонија.

Сали-Ен Ханицш (55 г.) од Кемборн, работела со скратено работно време во Morrison додека работела и со полно работно време како службеничка во Градскиот совет на Кембриџ. На почетокот на декември таа успеа да ги погоди сите пет главни и дополнителни броеви во извлекувањето на EuroMillions. Таа го опишува моментот кога дознала дека ја добила наградата како неверојатен.

Беше за време на саботната смена во јануари кога имав неколку минути и си ги проверував тикетите. Ретко ги проверувам бидејќи никогаш не мислам дека ќе ги добијам, но побарав помош од колега да ги скенира истите. Неколку моменти подоцна ми кажа дека треба да се јавам на државната лотарија и да го потпишам тикетот“, ја опишува радоста Сали-Ен.

Отпрвин мислела дека се работи за шега, но откако се јавила на лотарија сфатила дека е побогата за 838.000 фунти. Потоа таа се вратила и го завршила остатокот од својата деветчасовна смена.

Кога дојдов дома бев толку уморна што си легнав, но семејно славевме следната вечер“, опишува таа и додава дека семејството не и верувало.

Сега, откако поминала години во изнајмени станови, вредната мајка планира да го искористи своето богатство за да купи нов дом и да им помогне на своите деца Џек (27 г.) и Софи (22 г.).

Имав две работи, што беше многу заморно. Оваа победа значи дека конечно ќе имам време за себе и дека ќе можам финансиски да му помогнам на моето семејство. Сега можам да ги планирам работите кои отсекогаш сум сакала да ги правам“, раскажала возбудено Сали-Ен.

Во текот на неделата кога ја освоила наградата, г-ѓа Ханицш сè уште работела пет последователни вечерни смени. Таа кажала дека ќе продолжи да работи во градскиот совет на Кембриџ и по освојувањето на големата награда.

Имам само 55 години, ја сакам својата работа и моите колеги. Кога му кажав на мојот претпоставен, тој заплака. Ете каков тим сме ние“, вели Сали-Ен, која покрај нов дом ќе купи и автомобил, нова Форд Фиеста и ќе замине на патувањето од соништата во Јапонија. Посебно е среќена што таму ќе оди на пролет кога ќе почнат да цветаат сите растенија.