Неверојатна приказна: Човек бил проголтан од кит, па го исплукнал. Поминал без гребнатинка (ФОТО)

Приказната навистина звучи неверојатно: човекот кој го проголта китот на почетокот не разбрал што се случило, додека не забележал дека наеднаш има темнина околу него. Фотографот Рајнер Шимпф фотографирал риби на водите пред градот Порт Елизабет во ЈАР. За да добие подобра слика за рибата, тој нурнал и заврши во устата на китот .

Она што е неверојатно во целата приказна е тоа што му излезе од уста без гребнатинка. Како успеа во тоа? Тој само имаше среќа. Китот го исплукал пред да нурне подлабоко.

Шимпф му објаснил на LAD Bible дека немилиот настан се случил толку брзо што едвај имал време да разбере што се случува. Цело време нуркал фотографирајќи риби и внимавал на ајкулите, а потоа одеднаш сè беше покриено во темнина.

  • Претпоставувам дека траеше помалку од две секунди. Првото нешто што сфатив беше дека нешто ме зграпчи, а бутовите ми беа притиснати. Го почувствував притисокот и знаев дека е кит. Мислев дека не може да ме проголта, бидејќи грлото не му е толку широко, но се плашев да не се нурне додека сум му во уста – рече и додаде:
  • Го задржав здивот и бев подготвен за акција. Но, не морав да правам ништо. Човек не може да се бори со животно тешко 15 тони, па се смирив за да не паничам. Имав среќа што ме исплука – додал Шимпф појаснувајќи дека, всушност, е прилично задоволен што го проголтал кит, а не ајкула.

Кога малку подоцна дошол дома, се прегледал и сфатил дека средбата со морскиот џин не оставила гребнатинка на неговото тело.