НЕВЕРОЈАТНО – Дури три екипи од Серија А! Познати сите учесници во четвртфиналето на ЛШ, вакво нешто не се памети – еве кога ќе се одржи ждрепката

Фудбалерите на Реал Мадрид и Наполи вечерва успеаја да ги потврдат победите од првиот натпревар и да обезбедат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, со што го комплетираа списокот од осум екипи кои ќе се борат за трофејот.

Да потсетиме, првите натпревари од четвртфиналето на Лигата на шампионите се закажани за 11. и 12. април, а екипите кои се пласираа се следните:

– Реал Мадрид, Наполи, Интер, Милан, Челзи, Манчестер Сити, Баерн Минхен и Бенфика.

Интересен податок е дека три екипи од Италија се најдоа меѓу осумте најдобри екипи и тоа Интер, Милан и Наполи.

Двојките за четвртфиналето ќе ги дознаеме во петок, бидејќи ждрепката се одржува во Нион.

Актуелен шампион во Лигата на шампионите е Реал Мадрид, а овогодинешното финале ќе се игра на 10. јуни на стадионот „Ататурк“ во Истанбул.