Невиден скандал во Италија: Навивач го величеше Хитлер во римското дерби – Полицијата го пронајде хулиганот кој го поддржува нацизмот!

Полицијата во Рим трагаше по навивач на Лацио кој дошол на мечот со Рома облечен во маица со натпис „Хитлерсон“ и број 88, кој е референца на нацистичкиот поздрав од Втората светска војна.

Според порталот „Спортфејс“, идентификуван е навивач со нацистички обележја, но неговиот идентитет сè уште не е соопштен. Наводно, станува збор за маж од германска националност, овековечен од снимките од камерите поставени на влезот на трибината „Монте Марио“.

Полицијата ги прегледала сите снимки од трибините, како и влезот на стадионот и на тој начин го идентификувала хулиганот од натпреварот Лацио – Рома. Наводно, станува збор за навивач кој направил слични испади во 2009 година и бил предупреден за тоа.

Во исто време, за време на римското дерби, навивачите на Лацио скандираа антисемитски слогани, пренесува порталот „Ла Република“. Еврејската заедница во Рим веднаш се огласи и го осуди глорификацијата на нацизмот на дербито меѓу Лацио и Рома.

– Цела трибина пее антисемитски песни и плус „навивач“ на трибини со маица на која пишува „Хитлерсон“ и број 88. Револтирани сме и протестираме. Дали е можно сите да продолжат да игнорираат вакво нешто – изјави претседателката на еврејската заедница Рут Дуреџело.