Невообичаена сцена во дневникот: Репортерот вежбал гимнастика во позадина за време на преносот во живо

Интересен детал можеа да забележат гледачите на Дневник Нова ТВ, бидејќи за време на преносот еден од новинарите вежбаше во позадина.

Водителката на „Дневник“, Валентина Баус на својот профил на „ТикТок“ објави видео во кое го покажува овој „спорен детал“.

Имено, додека таа и нејзиниот колега Дино Голеш известуваа за цените во Хрватска, во позадина можеше да се забележи новинарот Владо Бобан како мафта со рацете и се протега.

@valentinabaus #fyp #croatia #viralvideo #tiktok #tiktok #television #novatv #host #media #zagreb #journalist #happy #viral #gym ♬ original sound – Valentina B.

Заедно со видеото на TikTok, водителката Валентина напиша и своја кратка белешка.

Нашиот Владо Бобан најде време во Дневник и за вежбање“, изјави таа.

Видеото за еден ден собра повеќе од 50 илјади прегледи, а многу нејзини следбеници го коментираа овој чин.

„Валентина, ти си кралица на ТикТок“, „Баш го гледав ова вчера, крал“, „Кралица“, се дел од коментарите.