,,Немаа друго место”: На стадионот во Ница е снимен порно филм, клубот поднесе тужба (ФОТО)

Францускиот прволигаш Ница поднесе тужба откако беше снимен аматерски порно филм на стадионот Алијанц Ривиера за време на натпреварот против Лил на 29 јануари.

Сцената се одвивала во тоалетот на стадионот, а на видеото се појавува актерка со руса коса и скриено лице и актер облечен во дрес од Ница.

-,,Раководството на клубот поднесе тужба откако на стадионот беше снимено порно видео“, изјавија во средата за АФП од Дирекцијата за јавна безбедност.

Тужба поднесе и компанијата која стопанисува со стадионот. Тие поднесоа тужба за нарушување на угледот на стадионот преку порнографски активности.

Аеродромот Nice-Cote-d’Azur исто така поднесе трета тужба, поради слично порно видео старо неколку месеци кое го снимила истата млада девојка, но овојпат внатре во аеродромот.

Според медиумите видеото снимено на аеродром е во времетраење од 20 минути објавено е пред повеќе од една година и има речиси 380.000 прегледи на платформата за порнографски содржини.

– Само што ги предадовме сите елементи на правосудната полиција – изјави портпаролот на аеродромот.

– Ние нема да поминеме преку ова и не сакаме да се повтори – додаде тој.