„Нема да имаме друг избор освен да влеземе во војна!” Шокантни изјави на полскиот амбасадор

Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор освен да војуваме, изјави Јан Емерик Рошчишевски, полскиот амбасадор во Франција.

– Ако Украина не ја одбрани својата независност, нема да имаме друг избор, освен да влеземе во војна – рече Рошшевски.

Претседателот Анджеј Дуда во четвртокот објави дека Полска ќе и’ ги предаде првите четири ловци МиГ-29 на Украина во наредните денови.

Тој додаде дека авионите во моментов се на сервис и сукцесивно ќе и’ бидат предадени на Украина.