Необична сина светлина уште еднаш го осветли небото во Турција непосредно пред силен земјотрес

Сина светлина го осветли небото пред новиот земјотрес во Турција.

Автомобилските камери го снимија моментот на уште еден страшен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер  кој се случи во понеделникот во Турција.

Покрај силното тресење, на вознемирувачката снимка се гледа сина светлина која го осветли небото непосредно пред почетокот на потресите.  

Ваквите чудесни блесоци го осветлија небото над Турција во моментот на првиот разорен земјотрес на 6 февруари оваа година. Тогаш на небото се појави молња, а подоцна беше објаснето дека тресењето на земјата ослободува електрични полнежи од карпите, кои поради земјотресот испраќаат сина и зелена светлина кон небото.