Нереални сцени! Погледнете го луксузот во кој уживале членовите на нарко картелот: Милиони евра се чувале во буриња за зелка, имале Ролекси, кошаркарски терени… (фото)

Во полициската акција во која се апсеа членови на балканскиот картел пронајдени се две снајперски пушки, три автоматски пушки, автоматски пиштол, четири пиштоли, бомба, четири пригушувачи, 24 капсули детонатор, пет направи за далечинско активирање на детонатори, 13 пакувања пластичен експлозив, оптички нишан, неколку стотини пронајдени се парчиња муниција од различен калибар, фантомки, силиконски маски и многу пари.

Само на една локација во бункерот, во три пластични буриња, пронајдени се над 2,7 милиони евра за кои постои сомневање дека се од продажба на дрога. Уапсената група уживала во неверојатен луксуз – одземени се скапи автомобили Ауди, Мерцедес, БМВ, часовници Ролекс и други брендирани производи.

Одземен е и мотоцикл, но и огромна сума пари, претежно во евра, кои ги криеле во буриња со зелка, пишува Блиц.

Членовите на криминалната група живееле во луксузни куќи со приватни спортски сали, кошаркарски терени…

Балканскиот картел беше над кавачкиот и шкаљарскиот клан. Токму фактот што некогаш еден клан беше поделен на два ривалски клана доведе до формирање на нов и посилен криминален картел, кој беше задолжен за дистрибуција и шверц на кокаин на територијата на Европа.