НЕРЕАЛНО! Обожавателите на НБА лигата во неверување: Потегот на Лука Дончиќ ги остави без зборови сите – му се поклони и ЛеБрон Џејмс! (видео)

На натпреварот против Индијана Пејсерс, Словенецот ја направи можеби најдобрата асистенција во сезоната досега.

Лука Дончиќ повторно се истакна во важниот триумф на Далас Маверикс над Индијана Пејсерс (127:104).

Словенецот постигна 25 поени а фати седум скока и додели шест асистенции, од кои една се истакна и ќе се памети долго.

Лука со своето прекрасно додавање ги воодушеви љубителите на кошарката ширум светот. Брилијантниот ас на Далас најде решение во навидум безизлезна ситуација. Лука беше удвоен на првата линија и во момент кога се чинеше дека е во сериозна неволја, скокна и уфрли нереално додавање до Џејден Харди кој погоди тројка од спротивниот агол.

Неговата луда асистенција го воодушеви и Леброн Џејмс, кој ја сподели акцијата на социјалната мрежа Твитер и напиша: „Човеку, ова е тотално лудо“.

Уживајте во одличниот потег на Словенецот: