НЕСРЕЌА – Голем пожар зафати хотел во Истанбул! Оганот за кратко време ја зафатил целата зграда – најмалку две лица повредени! (видео)

Во пожарот што избувна рано утринава во седумкатен хотел во источниот дел на Истанбул, најмалку две лица го загубија животот, а уште две се повредени, објавија турските медиуми.

Пожарот избувнал во населбата Пендик во 07 часот и 45 минути по локално време, јавува турската медиумска агенција Iha. Причината за пожарот засега не е позната, а пожарот за кратко време го зафатил целиот хотел.

На местото на пожарот излегле голем број противпожарни, медицински и полициски екипи. Пожарот бил изгаснат по еден час. Причината за пожарот се утврдува а штетите се големи.