НЕЈМАР ПЛАЧЕ „КАКО БЕБЕ“ ПРЕД КАМЕРИТЕ! Тој загубил вистинското БОГАТСТВО, а за оваа реакција сите зборуваат на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Нејмар има проблем со коцкањето, но се чини дека тоа не влијае премногу на него.

Бразилскиот фудбалер Нејмар оваа сезона повеќе нема да игра за Пари Сен Жермен поради (нова) повреда. Нејмар има проблем со зглобот што може да значи заминување од Париз на лето, но се чини дека не се грижи премногу – тој најде начин да се забавува во слободното време. А го има во изобилство… Добро е познато дека Нејмар е голем љубител на покер и дека често учествува на онлајн турнири, а неодамна загуби многу пари „играјќи“!

Нејмар за само два часа играње покер загуби милион евра, по што заплака пред камера додека се „стримуваше“, а стотици илјади фанови го гледаа како остана без пари.

Сепак, тоа беше само лажно плачење. Нејмар глумеше дека е тажен поради загубата на милион евра, што само покажува колку пари располага и колку му е таа сума мала. Всушност, тој воопшто не се потресе, бидејќи според некои информации е „тежок“ над 200 милиони евра. Од договорот во Париз, како и од бројните спонзорски договори, Нејмар инкасира 80 милиони евра годишно, па може да си дозволи да ги прокоцка.

“Разговарав со него за коцкање и му кажав што мислам за се, но тоа е негов избор. Кога е слободен, може да прави што сака”, изјави неодамна неговиот тренер Кристоф Галтие од Пари Сен Жермен.

Да потсетиме, Нејмар оваа сезона одигра 29 натпревари за Пари Сен Жермен и постигна 18 гола и 17 асистенции, а потоа заработи повреда поради која не може да игра против Баерн во Лигата на шампионите.