Не долго од породувањето, Станија лумпува до зори! Старлетата лудо се забавува со другарките (ФОТО)

Старлетата Сораја Вучелиќ неодамна се породи и го роди синот Кан. Не долго по породувањето, Сораја често излегува со своите пријатели, а тоа го споделува со следбениците на Инстаграм.

Сораја била на настапот на пејачот Никола Роквиќ, каде поминала време до доцна во ноќта а била придружувана од пријател со кој се држела за рака.

Да потсетиме, старлетата се породи во болница во Швајцарија, но со семејството ќе живее во Русија, како што неодамна откри извор близок до неа.

– Во Цирих ја следеше бременоста со избраниот лекар, но наскоро ќе одлетаат за Москва, каде што ќе живеат. Бебето ќе добие рускиот пасош и таму ќе биде нивната база. Ќе ги затвори социјалните мрежи и ќе сврти нов лист во животот – изјави тогаш изворот.